Лазаров и Нант до нова победа во францускиот шампионат

Во 11. првенствена рунда во француската лига нови бодови сезонава за Нант…

Успеа да ја совлада екипата на Ним со конечен резултат 33:24, а македонскиот интернационалец Кирил Лазаров придонесе со три голови.

Најефикасен кај неговите тимски играчи беа Балагер, Фалувеги, Клајн и Турна со по четири погодоци, а на спротивната страна шест голови беа дело на Жерар.

На табелата Нант е на четвртото место после седма победа со 14 бодови, а во следното коло на 7. декември ќе го пречека третопласираниот ПСЖ (18).