Квалификации ЕП 2020: Познат распоредот на мечевите, Македонија започнува против Турција!

Македонија е извлечена во Групата 3 во Квалификациите за ЕП 2020 каде за противници ќе ги имаме: Исланд, Турција и Грција.

Најдобропласираните две репрезентации, заедно со четирите најдобри третопласирани од осумте групи, ќе обезбедат пласман на ЕП 2022.

Воедно Европската ракометна федерација го објави распоредот на натпреварите каде што Македонија ќе стартува во првото коло дома против Турција.

Битка за првото место во групата се очекува да се води со Исланд, селекција со која се сретнавме и во последните квалификации за ЕП Хрватска 2018 и против која победивме во Скопје, а загубивме минимално во Рејкјавик.

Македонија важи за фаворит на хартија против останатите две селекции – Турција и Грција, против кој има позитивен биланс во малкуте досегашни одиграни меѓусебни натпревари.

Квалификации ЕП 2020

Група 3:

 

24/25.10.2018 Македонија – Турција
27/28.10.2018 Грција – Македонија
10/11.04.2019 Исланд – Македонија
13/14.04.2019 Македонија – Исланд
12/13.06.2019 Турција – Македонија
15/16.06.2019 Македонија – Грција