Куп на Унгарија: Манасков и Веспрем во финалето против Пик Сегед

Денеска се одиграа полуфиналните натпревари од Купот на Унгарија…

Откако на првиот меч Пик Сегед со 37:17 го елиминираше Чурго, скоро во ист стил убедливо триумфираше Веспрем над Балатонфуреди.

Во триумфот придонесе левото македонско репрезентативно крило Дејан Манасков со четири погодоци, еден реализираше од пенал.

Финалето за куп трофејот помеѓу Веспрем и Пик Сегед ќе се одигра в недела (15. април).