Кој ќе го наследи Лука Циндриќ во Вардар?

Веќе извесен период во ракометната јавност се шушка околу тоа која ќе биде замената на феномеланиот среден бек Лука Циндриќ кој по крајот на оваа натпреварувачка сезона си заминува од редовите на европскиот шампион во полскиот Киелце.

„Многу квалитетни имиња се вртат како замена за Циндриќ, според нашите информации замената за хрватскиот интернационалец ќе се бара во Бундес – лигата.

Имиња од типот на Домагој Дувњак, потоа Енди Шмит од тимот на Рајн – Некар, како и Мадс Менсах Ларсен на кој му истекува договорот со Рајн – Некар на крајот на оваа сезона се можни наследници на Лука, пренесува официјалниот веб сајт на „Вардар фанс“.

Останува да видиме каков избор ќе направи РК Вардар, едно е јасно, Вардар ќе добие квалитетна замена за Циндриќ.