Кој ќе биде ривалот на Вардар: Кил со висока предност патува во Унгарија!

Денеска се одигра првиот натпревар од осминафиналето во машката ракометна Лига на шампионите помеѓу Кил и Пик Сегед…

Германскиот клуб пред своите гледачи оствари прилично висок триумф над унгарската екипа со конечен резултат 29:22, иако на полувремето беше нерешено 14:14.

Најефикасен во редовите на бундеслигашот беше Вујин со осум голови, пет имаше Зарабец, а по четири Дисингер, Виенчек и Екберг.

На спротивната страна пет пати во листата на стрелците се запиша Банхиди, по три постигнаа Калман, Бодо и Сигурмансон. Реваншот е закажан за 1. април со почеток од 17:00 часот во Унгарија.

Да потсетиме, победникот од овој осминафинален двомеч, во четвртфиналето ќе ги одмери силите против македонскиот шампион Вардар кој воедно ја брани европската титула.