Кои се најдобрите стрелци, голмани, асистенти после две кола на ЕП? (ФОТО)

Заврши официјално и второто коло на Европското првенство во Хрватска…

Време е да погледнеме како моментално изгледа статистиката индивидуално со најдобрите стрелци, голмани, асистенти, загубени топки, реализацијата на седмерците, блокади…

Кај стрелците најдобар е Уве Генсхајмер од Германија со 16 голови (16/21, 76%), додека во Топ 10 се наоѓаат македонските репрезентативци Дејан Манасков на петтото место со 12 погодоци (12/17, 71%) и Кирил Лазаров како осмопласиран со 11 голови (11/23, 48%).

АКО САКАТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕЛОСНАТА СТАТИСТИКА НА ЕУРО 2018 ТОА МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА

Најдобар пеналџија Уве Генсхајмер (7/11, 64%), на деветтото место е Кирил Лазаров (4/6, 67%).

Најдобар асистент е Норвежанецот Сандер Сагосен со вкупно 14. или 7.0 по меч, а на делба на второто место е Филип Миркуловски со девет (4.5 просек).

Најмногу загубени топки има Ондреј Здрахала од Чешка вкупно 12 (6.0), а изненадува Исланѓанецот Арон Палмарсон на второто место со вкупно 10 (5.0). Нема ниту еден македонски ракометар во Топ 10.

Но, затоа нема ниту еден македонски ракометар во Топ 20 од аспект на блокадите каде што најдобро сои Словенецот Борут Мачковшек со вкупно пет (2.5)

Кај голманите доминира Микаел Апелгрен од Шведска со 30 одбрани (30/68, 44%), а на четвртата позиција е Никола Митревски со 12 одбрани (12/32, 38%).

АКО САКАТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕЛОСНАТА СТАТИСТИКА НА ЕУРО 2018 ТОА МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА

Изненадува и овој податок, што Данецот Микел Хансен има најмноги исклучувања вкупно пет со еден црвен картон, а во Топ 10 е и Аце Јоновски со четири исклучувања.

-НАЈМНОГУ ИСКЛУЧУВАЊА ИМА ДАНЕЦОТ МИКЕЛ ХАНСЕН (5):

АКО САКАТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕЛОСНАТА СТАТИСТИКА НА ЕУРО 2018 ТОА МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА