Киелце е последниот патник: Познати сите четвртфинални двојки во Лигата на шампионите!

Се одигра и последниот реванш натпревар од осминафиналето помеѓу Рајн-Некар Левен и Киелце…

И на возвратниот дуел во Германија триумфираше полскиот состав со 30:36, а потсетување на првиот меч во Полска славеше со убедливи 41:17 кога бундеслигашот поради конфликтот со ЕХФ поради несогласувањата околу термините на одигрување настапи со вториот тим.

При стрелци кај германскиот тим беа Шмид со осум голови и Толбринг со пет, следени од македонскиот интернационалец Филип Талески кој имаше четири.

На спротивната страна за Полјаците по пет голови блескаа Јурецки и Душебаев, а по четири реализираа Агинагалде, Биелецки, К. Лијевски и Бомбач.

Со севкупни 77:47 составот на Киелце се пласираше во четвртфиналето каде што ќе ги одмери силите против ПСЖ.

Лига на шампиони

Четвртфинале, двојки:

Кил-Вардар
Киелце-ПСЖ
Фленсбург-Монпелје
Нант-Скјерн

Првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 18-22 април, а реванш средбите се закажани 25-29 април 2018 год.