Киелце барем спречи дебакл: ПСЖ на чекор од пласман на Ф4 турнирот!

Денеска се одигра првиот натпревар од четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите…

Во Полска составот на ПСЖ го покажа својот голем квалитет и доминираше во текот на сите 60. минути против Киелце.

Конечниот резултат на крајот е 28:34, иако победата можеше да биде изразена со уште поголема разлика, бидејќи францускиот гигант после првото полувреме водеше со дури 12 голови разлика (10:22).

За полската екипа Душебаев седум пати се запиша во листата на стрелците, следен од Јурецки со четири, додека на спротивната страна по пет погодоци запишаа Абало, Хансен и Н. Карабатиќ.

Реваншот ќе се одигра на 28. април (17:30 ч.) во Париз кој што ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Македонија.