Карачиќ: Не е важно со кого ќе играме во финалето, нашата цел е СЕХА титулата! (ВИДЕО)

Откако Вардар успеа да се пласира во финалето на СЕХА Газпром лигата 2018…

Во продолжение дел од изјавите на тренерите и играчите после првото полуфинале на Фајнл-фор турнирот во СЦ „Јане Сандански“ помеѓу Вардар и Мешков Брест (33:24).

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез:

Брест денеска одигра еден одличен ракомет. Ние бевме загрижени знаејќи колку добро се тие способни да играат против нас. Нашата одбрана беше неверојатна, како и Штербик меѓу стативите. Мислам дека почетокот на второто полувреме одлучи сè, со тоа што конечно успеавме да ја зголемиме предноста, свесни дека имавме само три гола позитива во првото полувреме. Јас сум генерално задоволен од начинот на кој игравме и се надевам дека ќе покажеме солидни перформанси и во финалето“.

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан:

Му посакувам на Мешков се најдобро на натпреварот за третото место и, се разбира, би сакал да ја искористам можноста да им честитам на моите соиграчи и тренерите на начинот на кој беа подготвени за денешниот натпревар, како и начинот на кој што одигравме“.

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ:

Се договоривме уште од првата минута да наметнеме брз ритам и верувам дека тоа го направивме на теренот вечерва. Нашата одбрана 5-1 беше одлична што ни обезбеди многу шанси од контранапади, преку кои успеавме да постигнеме многу лесни голови и во раниот период обезбедиме предност. Како што велиме секогаш, нашиот најголем противник сме само ние самите. Начинот на кој што пристапивме и бевме фокусирани ми дава дека верба можеме да победиме секого. Да бидам искрен, не е важно против кого ќе играме во финалето, нашата цел е да триумфираме и во последниот дуел сезонава и дојдеме до титулата во СЕХА“.

Тренерот на Мешков Брест, Сергеј Бебешко:

Вардар има добро избалансиран тим, како што веќе реков пред натпреварот. Тие беа подобри денеска и заслужено стигнаа до финалето. Нивната одбрана беше навистина добра во текот на целиот натпревар, а ние навистина имавме многу проблеми во нападот. Се разбира, ќе се бориме да го освоиме третото место“.

Ракометарот на Мешков Брест, Симон Разгор:

Честитки до Вардар, тие покажаа дека имаат подобар тим во овој момент. Имаме многу повредени играчи, нашиот распоред е доста зафатен и резултатот беше овој пораз денес. Му посакувам на Вардар се најдобро во финалето и се надевам дека ќе се подготвиме на најдобар можен начин за она што нè чека во дуелот за третото место во недела“.

Ракометарот на Мешков Брест, Љубо Вукиќ:

Би сакал да му честитам на Вардар за перформансите што ги имаше денеска и се разбира за победата. Од физички аспект тие беа подобри, овозможувајќи им да ја зголемат предноста и што порано ја обезбедат победата. Тешко е кога бркате негатива во текот на целиот натпревар, особено кога играте далеку од дома. Му посакувам се најдобро на Вардар во финалето“.



Фото: seha-liga.com