Канелјас пред реваншот со Кил: Работиме на тактички и психички план, верувам дека можеме уште подобро!

Во интервјуто за „stregspiller.com“, шпанскиот бек на Вардар говореше во пресрет на денешниот реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите…

Да потсетиме, македонскиот и европски шампион триумфираше на првиот меч во „Шпаркасе“ Арената во Германија против Кил со минимален конечен резултат 28:29.

Дали ваквата предност ќе се одбрани од страна на „црвено-црните“ останува да се види денеска од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје каде се очекува максимална поддршка од трибините за избраниците на тренерот Раул Гонзалес.

Ракометарот на Вардар, Жоан Канелјас:

На првиот дуел противникот стартуваше со 3-2-1 одбрана, пред да ја променат формацијата во 6-0. Тоа беше една од причините зошто имавме помал простор и не реализиравме повеќе голови од девет метри.

Тоа беше нашиот главен проблем, но за среќа одбраната ни функционираше на високо ниво. Во второто полувреме имавме мала криза, тоа се случува кога играте на гости против таков добар тим.

Кил беше повеќе агресивен и нашата одбрана, вклучувајќи го и Арпад Штербик, имаше проблеми. Севкупно не ги покажавме најдобрите перформанси, но на крајот успеавме да извлечеме поволен резултат.

Сега се подготвувавме за што поголем број на опции пред реваншот. Не знам дали ударите од далечина би биле клучен фактор за пласман на Ф4 турнирот во Келн, но сигурен дека ќе играме подобро и во нападот и одбраната.

Во текот на сезоната покажавме одлични партии, верувам дека можеме уште подобро. Свесни сме дека ќе ова ќе ни биде последен меч на домашен терен и дека за некои од момците вклучувајќи ме и мене проштален дуел во дресот на Вардар пред публиката за оваа сезона во ЛШ.

Но, не размислуваме многу околу тоа, што е доста чудно. Понекогаш играме пред 50 гледачи во домашната лига, а сега ќе настапуваме пред полни трибини во Лигата на шампионите

Минатата сезона беше посебна против Фленсбург, моментно работиме на тактички план, бидеме психички подготвени, без што да размислуваме премногу за се останато. Се чувствува притисок и дефинитивно не помага доколку премногу бидеме преокупирани околу тоа“, рече Канелјас, ракометарот на Вардар.