Каков трилер на „Шпаркасе“: Решавачките моменти и пресвртот на Вардар против Кил! (ВИДЕО)

Вардар обезбеди минимална, но голема победа од 28:29 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Кил.

Во еден многу интересен и возбудлив меч во „Шпаркасе“ Арената, „црвено-црните“ имаа негатива од 27:28 во последните 30. секунди, но следуваше пресврт.

Најпрвин после асистенцијата на Карачиќ, израмни Дибиров, а потоа згрешија популарните „зебри“ во својот последен напад на средбата, веднаш реагираше Македа кој од аут-линијата ја погоди празната мрежа и започна големото славје на избраниците на тренерот Гонзалез во овие први 60. минути од четвртфиналниот двомеч.

РЕШАВАЧКИТЕ МОМЕНТИ И ПРЕСВРТОТ НА ВАРДАР ПРОТИВ КИЛ (27:28) МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА