Јагањац трет стрелец во ЛШ, „цепелинот“ на Гуглета и Илиќ во Топ 5 голови (ВИДЕО)

По комплетирањето на седмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, на врвот на листата на стрелците на ова елитно натпреварување се најдоа петмина ракометари.

Помеѓу нив е и бекот на македонскиот ракометен вицешампион Металург, Халил Јагањац, кој, со 42 постигнати гола, е на делба на третото место и заостанува само два гола зад водечката двојка.

Топ 5 листа на стрелци во Лигата на шампионите:

1. Рамазан Доне (Бешикташ) 44 голови

1. Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб) 44

3. Халил Јагањац (Металург) 42

3. Андре Шмидт (Р.Н.Левен) 42

3. Мате Лекај (Веспрем) 42

По традиција, после секое одиграно коло во ЛШ, маркетинг тимот на ЕХФ ги избира петте најубави голови, а меѓу нив се наоѓа „цепелинот“ во изведба на Гуглета и Илиќ доволно за петтото место во изборот.

Најубавите голови можете да ги видете на следниот линк.

Најдобрата публика на колото видете ја на следниот линк.

Одбраниот момент видете го на следниот линк.

Идеалниот тим на колото видете го на следниот линк.