Извлечени групите во Купот на ЕХФ: Обрван на мегдан против Дупјачанец!

Откако неодамна завршија квалификациските кола за пласман во групната фаза…

Со ждрепка се дознаа сите четири групи за новата натпреварувачка сезона 2017/2018.

Поранешниот македонски селектор Ивица Обрван со својот Шамбери од Франција се најде во последната група Д со полскиот Азоту Пулави во чии редови настапува нашиот голман Даниел Дупјачанец, потоа шпанскиот Гранољерс и Вакер Тун од Швајцарија.

Во рамките од оваа група, во првото коло на 10/11 февруари 2018 год., Шамбери е домаќин на Гранољерс, а Азоти Пулави ќе го пречека Вакер Тун.

Куп на ЕХФ (2017/2018)

Група А

-СКА Минск (Белорусија)
-Бјерингбро Силкеборг (Данска)
-Магдебург (Германија)
-Победникот од дуелот Татран Прешов (Словачка)/Хафнарфјордур (Исланд)

Група Б

-Фуксе Берлин (Германија)
-Анаитасуна (Шпанија)
-Ст. Рафаел (Франција)
-Луги (Шведска)

Група Ц

-Гепинген (Германија)
-Кокс (Финска)
-Нексе (Хрватска)
-Копер (Словенија)

Група Д

-Шамбери (Франција)
-Азоти Пулави (Полска)
-Гранољерс (Шпанија)
-Вакер Тун (Швајцарија)