Гуглета пред Динамо Панчево: Не смееме да дозволиме големи падови во играта!

Утре Металург ја игра својата последна домашна средба во 2017 година.

Се работи за натпревар од календарот на СЕХА Газпром лигата, а противник ќе биде екипата на Динамо од Панчево (Србија).

Во пресрет на оваа средба, македонскиот вицешампион денеска одржа прес-конференција на која своите коментари ги дадоа Александар Јовиќ и Александар Гуглета.

Александар Јовиќ:

Не очекува тежок натпревар со Динамо Панчево. Но, кога и да сме фаворити на некоја средба играме многу тешко, додека, пак, кога играме со поквалитетни екипи играме добро само 45 минути, а потоа имаме голем пад. Натпреварот против Динамо Панчево можеме да го добиеме само со дисциплинирана одбрана и брза транзиција во напад.

Ќе треба да постигнуваме лесни голови во контра, во нападот да имаме дисциплина и да се знае што играме од првата до последната минута. Се надевам дека крајот на 2017 година ќе ја прославиме со победа, заедно со нашата публика“.

Александар Гуглета:

Не смееме да се опуштиме, без разлика што победивме во Панчево. Викендов и тие играа дерби-натпревар со Војводина и победија. Не смееме да се опуштаме за време на натпреварите и не смееме да дозволиме големи падови во играта.

Се надевам дека ќе играме дисциплинирано, исто како што одредено време игравме против Вардар, и дека ќе славиме победа. Сакам да ги повикам сите навивачи да дојдат во салата и да помогнат, бидејќи натпреварот е од хуманитарен карактер“.

Овој натпревар се игра утре (12. декември), со почеток во 16.15 часот, а ќе се игра во ВИП арената СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ-ДИНАМО ПАНЧЕВО МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Овој меч ќе биде со хуманитарен карактер, сите средства собрани од продажбата ќе служат во акцијата за помош 16-годишното момче Борче Јовановски кое боледува од ретка генетска болест, „Бета Таласемија“, и мора да оди на лекување во странство.