Гонзалез со пофалби за Филип Кузмановски

Македонската машка сениорска репрезентација на Македонија успеа во второто полувреме да ги надмине проблемите кои ги имаше во првите 30 минути од натпреварот со Црна Гора…

Со одлична тимска игра да дојде до вториот триумф во исто толку натпревари на Европското Првенство, осигурувајќи го своето место во главната фаза која што ќе се одржи во Вараждин.

Нашата селекција (среда, 18:15 часот) се среќава со европскиот шампион Германија во натпревар кој ќе решава колку бодови ќе пренесат двете селекции во следната рунда.

Нашиот тим веќе има обезбедено два бода на кои ќе се додадат и евентуалните бодови освоени од мечот со Германците.

Кузмановски со 5 голови беше најдобар реализатор во нашиот состав, кој пред се го одликуваше одлична тимска игра која ја донесе победата. Веднаш по дуелот во Загреб беше прогласен и за играч на натпреварот.

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез:

Кузмановски има квалитет. Одигра многу добро против Црна Гора и едноставно не можев да го испратам на клупата. Многу придонесе и во одбраната и во нападот“.

Фото: facebook.com/rfmofficial/