Гонзалез: Направивме многу грешки, не го подготвив добро мечот! (ВИДЕО)

Селекторот Раул Гонзалез коментираше после високиот пораз од Шпанија (31:20)…

Тој вели дека не го подготвил добро мечот и дека противниците биле подобри од македонските ракометари.

Направивме многу грешки и брзо ја загубивме шансата да се бориме за победа. Не знам што се случи, изгледа дека не сум го подготвил добро овој натпревар.

Продолжуваме понатаму, имаме уште две шанси, го загубивме Лазаров во текот на првото полувреме, тоа е огромен проблем за нас, сеуште не знаеме за каква повреда станува збор, тоа е спорт“, рече селекторот на Македонија.

Голманот на Македонија, Никола Митревски:

Мораме да одигравме подобро во следниот натпревар. Многу лошо игравме денеска, можеби поради притисокот од кој бевме блокирани имавме многу лоши додавања.

Беше подобро во второто полувреме, но исто така направивме неколку грешки. Мораме да се смириме, да бидеме подготвени физички и психички“.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic