Гонзалез го скрати списокот на 21 ракометар пред подготовките за ЕУРО! (ВИДЕО)

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометари повикани на првиот собир на репрезентација од подготовките за ЕП Хрватска 2018.

Раул Гонзалез повика 21 ракометар на првиот собир што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ
Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Во однос на поширокиот список (кој што беше испратен до ЕХФ) каде што имаше 28 ракометари, во скратениот ги нема Марко Нелоски, Јане Цветковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Серафимов, Стефан Дрогришки и Мартин Манасков.

Инаку, според планот и програмата за работа, воведни подготовки ќе започнат на 18 декември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.

Да потсетиме, на ЕУРО нашата репрезентација се наоѓа во група со Црна Гора, Словенија и Германија. Првиот меч во рамките од групата Ц во „Арената Загреб“ ќе го имаме против Словенија на 13. јануари 2018 год. со почеток од 19:30 часот. Претходно првото коло ќе започне со дуелот Германија-Црна Гора на истата локација од 17:15 часот.

Воедно во продолжение проследете едно одлично видео по повод новиот настап на Македонија на евро-шампионатите изработено од страна на Мартин Пресилски