Го одби Вардар: Голманот Пешиќ останува во Мешков Брест до 2022 година!

Иако претходно се шпекулираше дека можно е го засили Вардар после најавата дека Арпад Штербик ќе си замине на крајот од сезоната во Веспрем…

Голманот Иван Пешиќ одлучи да го продолжи договорот со белорускиот шампион кој ќе трае до 2022. година. Хрватот дојде во Мешков Брест во јули 2013 година и досега има 180 натпревари за овој клуб.

Беше една од клучните фигури изминатите години во освојувањето на домашни и куп титули, како и двапати финалист во СЕХА Газпром лигата во 2014. и 2015. година.

Го гледам Мешков како еден сериозен и амбициозен проект. Сигурен сум, има голема иднина. Се чувствувам одлично овде во Брест, многу удобно и одлучив да останам, и покрај понудите од други европски врвни клубови како Пик Сегед или Вардар“, рече Пешиќ.

Да потсетиме, од претходно се знае дека на крајот од сезоната од редовите на македонскиот и европски шампион ќе си заминат Раул Гонзалез (ПСЖ), Лука Циндриќ (Киелце), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин) и Арпад Штербик (Веспрем).

Сега „магичната“ Википедија ни вели дека се најавуваат нови заминувања од „црвено-црниот“ табор, имено Илија Абутовиќ се поврзува со Рајн Некар Левен, потоа Хорхе Македа со трансфер во Пик Сегед, руското десно крило Данил Шишкарев во Киелце, Тимур Дибиров во Барселона, Бразилецот Рожерио Мораеш Фереира во Кил и нашиот репрезентативен пикер Стојанче Стоилов во францускиот Монпелје.