Гласајте за Вардарки за „Ол-стар“ тимот“ во Лигата на шампионите

Сезонава четири ракометарки се наоѓаат во конкуренција за едно од местата, а меѓу оние што се борат е и тренерот на македонскиот женски ракометен клуб, Ирина Дибирова.

Петта сезона по ред ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеaлен тим на сезоната во Лигата на шампионите.

И како што традицијата продолжува со изборот, така продолжува и да има по неколку ракометарки на Вардар во тој избор.

Во годинешниот избор на Ол стар тимот на ЛШ се најдоа:

Голман – Амандин Лејно
Лев бек – Андреа Пенезиќ
Пивотмен – Драгана Цвијиќ
Десен бек – Александра Лакрабер
Тренер: Ирина Дибирова

Гласањето се одвива на следниот линк ( https://apps.facebook.com/my-polls/all-star-team-women-2017-18 )

Гласањето е отворено до 8 мај 2018 година, а победниците односно идеалниот тим ќе биде прогласен за време на финалниот викенд во Будимпешта на 12 и 13 мај.

Вардар е на чекор до своето петто учество на Ф4 турнирите. Во првиот четврт-финален натпревар „црвено-црните“ победија на гостувањето во Данска кај Митјиланд со 24-23 сега останува во реваншот само да се потврди учеството.

Реванш натпреварот од четврт-финалето ќе се игра во сабота во Скопје во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Билетите се продаваат преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk

Фото: zrkvardar.mk