Германија како „брз воз“: Европскиот шампион ја прегази Црна Гора! (ВИДЕО)

Стартуваше првото коло во групата Ц во Загреб на Европското првенство во Хрватска…

Германија ја оправда фаворитската улога и славеше против Црна Гора со конечен резултат 32:19 (17:9).

Девет голови за европскиот шампион имаше Генсхајмер (9/10), следен од непогрешливиот Друкс со пет (5/5).

На спротивната страна најрасположен беше Липовина со седум погодоци (7/10), а втор стрелец е Божовиќ со четири (4/8).

Колото ќе биде комплетирано вечерва со вториот меч помеѓу репрезентациите на Македонија и Словенија од 19:30 часот.

Фото: Reuters