Георгиевски прв стрелец во Русија, Диферданж со шанси за четвртфинале во Челинџ купот!

Во првиот натпревар од Челинџ купот Ред Бојс Диферданж загуби на гостувањето од Динамо-Виктор со 31:26 (16:8).

Кај луксембуршкиот претставник, македонскиот лев бек Дарко Георгиевски беше прв стрелец со девет постигнати голови.

На спротивната страна за руската екипа 10 пати во листата на стрелците се запиша централниот бек Антон Отрезов.

Реваншот од осминафиналето ќе се одигра во Луксембург на 17. февруари со почеток од 18:30 часот.