Европскиот шампион Германија во Штутгарт го „положи“ исландскиот тест!

Бранителот на европската титула имаше успешна подготовка пред настапот на континенталниот собир во Хрватска.

Денеска репрезентацијата на Германија во Штутгарт со конечен резултат 36:29 (19:12) успеа да ја совлада селекцијата на Исланд.

Германија: Волф, Хајневетер, Генсхајмер 7, Кун 6, Хафнер 4, Фат 3, Виед 3, Вебер 2, Колбахер 2, Друкс 2, Пекелер 2, Рајхам 2, Виенцек 2, Вајнхолд 1.

Да потсетиме, Германците се едни од ривалите на Македонија на претстојниот евро-шампионатот, против нив ќе играме во последното трето коло од групата Ц во Загреб со почеток од 18:10 часот на 17. јануари.