Еурофарм Работник убедлив и против вториот тим на Металург

Во својот 11. натпревар оваа сезона битолскиот состав дојде и до осмата победа (четврта по ред) во шампионатот.

Еурофарм Работник како гости со конечен резултат 22:35 во скопската сала „Автокоманда“ беше подобар од Металург 2.

Во победничките редови најрасположени беа Ојлески и Дрогришки со по седум голови, а на спротивната страна четири запиша Шилегов.

На табелата Еурофарм Работник е на второто место со 25 бодови, пет помалку зад водечкиот Пелистер, додека вториот тим на Металург е претпоследен со седум.