ЕУРО 2018: Хрватите во Сплит ја „разбија“ Србија! (ВИДЕО)

Денеска се комплетираше првото коло во групите А и Б на Европското првенство во Хрватска…

Во балканската пресметка домаќинот со убедлив резултат 32:22 (14:19) ја совлада селекцијата на Србија.

За „коцкастите“ непогрешлив беше Степанчиќ со шест голови (6/6), колку што имаше и Штрлек (6/8), а кај нашиот северен сосед истиот учинок го забележа и Ненадиќ (6/9).

На тој начин сега на табелата во групата А по два бода имаат Хрватска и Исланд, ниту еден за Шведска и Србија.

Во групата Б во крајно неизвесен меч Франција со 32:31 беше подобра од Норвешка, иако беше во негатива после првото полувреме од 15:17. На табелата по два бодови имаат Франција и Белорусија, ниту еден Норвежаните и Австријците.

За „триколорите“ Мае имаше осум голови (8/11), а Гигу пет (5/7), додека на спротивната страна седум гола запиша Кент Тонесен (7/9), еден помалку Бјорнсен (6/9).

Фото: 24sata.hr/Ivo Cagaj/PIXSELL