ЕП: Втор меч по ред денеска за македонската судиска двојка Николов-Начевски!

Нова обврска за нашата судиска двојка на Европското првенство во Хрватска…

Откако на првиот ден во Сплит во „Спаладиум Арена“ Ѓорѓи Начевски и Славе Николов делеа правда од групата А на мечот Шведска-Исланд (24:26), имаат нов предизвик во рамките од групата Б.

Вечерва во Пореч во „Жатика“ Спортскиот Центар ќе го судат натпреварот помеѓу Норвешка и Белорусија кој што ќе го започне од 20:30 часот.

Во оваа група после првото коло по два бода имаат Франција и Белорусија, ниту еден за селекциите на Норвешка и Австрија.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Uros Hocevar