ЕП: Србија подобра од Исланд, сега чека „услуга“ од Шведска! (ВИДЕО)

Ракометарите на Србија го совладаа Исланд со 29:26 во рамките од третото последно коло во групата А на Европското првенство.

Овој триумф од три разлика не беше доволен да се пласираат Србите директно понатаму, односно им беше потребна победа од барем четири четири голови разлика.

За такво нешто во текот на мечот имаше шанса Ненадиќ, но неговиот удар го запре исландскиот голман. Последната можност нашиот северен сосед за пласман во главната фаза ќе ја имаат вечерва од 20:30 часот каде што бараат „услуга“ од Швеѓаните да го совладаат домаќинот Хрватска.

За српската селекција доминираа Шешум (5/8) и Радивојевиќ (5/8) со по пет голови, следени од Илиќ (4/6) и Зеленовиќ (4/7) со по четири погодоци.

На спротивната страна осум пати во листата на стрелците се запиша Гудјон Сигурдсон (8/13), следуваат Кар Кристјансон (4/4), Палмарсон (4/7) и Олафур Гудмундсон (4/8) со по четири погодоци.

На табелата во групата А (Сплит) води Хрватска со четири бодови (+17, гол-разлика), а по два бода имаат Шведска (+3), Србија (-12) и Исланд (-8).

Во групата Б во Пореч Франција заврши со три максимални победи, откако со 32:25 беше подобра од репрезентацијата на Белорусија.

За „триколорите“ блескаше Мем со девет голови (9/13), како втор стрелец се издвои Н. Карабатиќ со шест голови (6/8), а во поразените редови шест гола постигна Падшивалау (6/7).

На табелата во некомплетната рунда Франција го освои врвот со шест бодови, пред Норвешка и Белорусија кои имаат по два, а Австрија е последна со нитуеден. Од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Норвешка и Австрија.