ЕП: Шпанија и Данска ќе ни бидат ривали во Вараждин, а погледнете ја чешката сензација! (ВИДЕО)

Веќе се издвојуваат репрезентациите кои ќе патуваат во следната фаза од евро-шампионатот во Хрватска.

Се комплетираше второто коло и во групите Ц и Д после кое се дознаа досега четири репрезентации кои ќе настапат во вториот круг, тие се Македонија, Германија, Шпанска и Данска.

На тој начин се дознаа две од трите селекции кои ќе им бидат ривали на избраниците на селекторот Раул Гонзалез во Вараждин во новоформирата група 2.

За тоа како евентуално ќе изгледаат двојките во наредната главна фаза повеќе ќе се говори по завршувањето на третото последно коло од прелиминарната фаза.

Да видиме во продолжение што се случуваше во натпреварите од второто коло во групата Д каде што беше приредено најголемото изненадување.

Имено, „аутсајдерот“ Чешка после високиот пораз на стартот од Шпанија (32:15) денеска ја шокираше Данска совладувајќи со 28:27.

Кај Чесите прв стрелец беше Здрахала со осум постигнати голови, а еден помалку забележа Хансен на спротивната страна.

Данците и покрај овој пораз благодарение на триумфот на Шпанија против Унгарија од 27:25 заедно со црвената „фурија“ патуваат во следната фаза.

Со овие бодови Чешка сеуште го нема загарантирано понатамошниот пласман, па нема да им вреди оваа голема победа, доколку загубат в среда од Унгарија која пак има два порази.

На табелата моментно води Шпанија со четири бодови (+19 гол разлика), пред Данска (+6) и Чешка (-16) кои имаат по два, а ниту еден унгарските ракометари (-9).

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Sasa Pahic Szabo