ЕП: На кои 16 играчи ќе смета Вујовиќ за утрешниот дуел против Македонија?

Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ одреди кои 16 имиња ќе бидат дел од прелиминарната групна фаза на Европското првенство во Хрватска.

Утре (13. јануари) со почеток од 19:30 часот, во групата Ц во Арената Загреб Словенците во првото коло ќе ги одмерат силите против репрезентацијата на Македонија.

Покрај 16. избрани репрезентативци, има и четири резерви Грегор Поточник (Горење Велење), Нејц Цехте (Горење Велење), Патрик Лебан (Нексе) и Урх Кастелич (ППД Загреб).

Репрезентацијата на Словенија на ЕП 2018:

Голмани: Матевж Скок (Спортинг Лисабон, Португалија), Урбан Лесјак (Целје Пивоварна Лашко)

Крила: Дарко Цингесар (Екс, Франција), Блаж Јанц (Виве Киелце, Полска), Гашпер Маргуч (Веспрем, Унгарија), Матиц Вердинек (Горење Велење)

Бекови: Марко Безјак (Магдебург, Германија), Јан Гребенц (Горење Велење), Ник Хенигман (Рико Рибница), Вид Кавтичник (Монпелје, Франција), Борут Мачковшек (Целје Пивоварна Лашко), Жига Млакар (Целје Пивоварна Лашко), Миха Зарабец (Кил, Германија)

Пивоти: Блаж Благотиншек (Веспрем, Унгарија), Игор Жабиќ (Висла Плоцк, Полска), Матиц Сухолежник (Целје Пивоварна Лашко)