ЕП, Миркуловски: Словенија е послаба од лани, но ја има фаворитската улога!

Вечерва од 19:30 часот во Арената Загреб македонската репрезентација ќе го има првиот натпревар од групата Ц против Словенија.

Можеби еден од оние мечеви кои можат да бидат клучни во остварувањето на целта, пласман во следната фаза, своите очекувања во пресрет на денешниот прв меч ги дава организаторот на играта и воедно член на бундеслигашот Вецлар, Филип Миркуловски (34):

Имавме квалитетни подготовки и сме подготвени за првиот натпревар. Здрави сме и тоа е најважно. Словенците се наши први ривали. Како третопласирани од минатото Светско првенство, ја имаат фаворитската улога.

Но, во споредба со ланската година имаат нешто послаб состав. Од друга страна, тоа не значи дека нашата задача ќе биде полесна. Првиот дуел е секогаш е нешто посебно и целта е круцијална за двете национални репрезентации.

Може да се каже дека бодовите ќе сметаат како „двојни“ и ни се потребни ако сакаме да го остваривме најдобриот пласман досега“, рече Миркуловски.

За словенечката репрезентација како што и претходно објавивме поради повреди на ова ЕП нема да настапат Габер, Доленец и Медвед.