ЕП: Хрватска чекори кон полуфинале, сигурна и против Норвешка! (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација предводена од селекторот Лино Червар со победа против Норвешка од 32:28 (17:15)…

На тој начин „коцкастите“ ја продолжија победничката низа во вториот круг од Европското првенство пред 15.000 илјади гледачи во загрепската Арена и така останаа во игра за пласман во полуфиналето.

Стевановиќ кај Хрватите имаше 14 одбрани, а најдобар стрелец беше Штрлек со шест, следен од Циндриќ со пет погодоци.

На спротивната страна Сагосен осум пати се запиша во листата на стрелците, а истиот учинок го имаше и голманот Бергерун од аспект на одбраните.

Претходно во првиот меч од групата 1, Франција со 23:17 ја совлада Шведска и на тој начин светскиот шампион е блиску до пласман во полуфиналето.

Херој на „триколорите“ беше голманот Жерар со 19 одбрани, а кај стрелците најдобро се истакна Сораиндо со пет. Кај Швеѓаните Јепсон реализираше четири голови, еден помалку Лагрегрен, додека солиден беше голманот Апелгрен со 10 интервенции.

На табелата водат Франција и Хрватска со по шест бодови, Норвешка и Шведска имаат по четири, а без бодови Белорусија и Србија.

Во идното коло на 22. јануари (понеделник) ќе играат Белорусија-Шведска и Србија-Франција.

Фото: hr.n1info.com