ЕП: Гонзалез со истиот состав, а Црна Гора направи една промена!

Денеска со почеток од 20:30 часот во Загреб македонската репрезентација ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.

Во рамките од групата Ц избраниците на селекторот Раул Гонзалез ќе се обидат да дојдат до уште еден триумф пред нашите многубројни навивачи овојпат против селекцијата на Црна Гора.

Подготвени ја очекуваат новата средба која би можела да ни го осигура пласманот во втората фаза од Првенството и воедно  ќе пренесе и најмалку два бода во новоформираната група што би се играла во Вараждин.

Познати се и двата состави за вечерашниот дуел, Гонзалез ќе смета на истите играчи кои што ги имаше и против Словенија, додека на спротивната страна Драган Ѓукиќ се одлучи само за една промена.

Имено, на голманската позиција на местото на Миле Мијушковиќ доаѓа членот на германскиот клуб Мелсунген, Небојша Симиќ.

Црна Гора: Мијатовиќ, Симиќ, Чавор, Лазовиќ, Пејовиќ, Марковиќ, М. Вујовиќ, Радојевиќ, Симовиќ, С. Вујовиќ, Шеваљевиќ, Божовиќ, Ласица, Анѓелиќ, Грбовиќ, Липовина.

Македонија: Митревски, Ристовски, Манасков, Велковски, Стоилов, К. Лазаров, Прибак, Јоновски, Талески, Миркуловски, Н. Маркоски, Кузмановски, Георгиевски, Ф. Лазаров, Поповски, Пешевски.

На овој евро-шампионат резерви остануваат Златко Даскалоски, Гоце Ојлески и Велко Маркоски. Потсетување, дека судии на овој меч се Португалците Рикардо Фонсека и Дуарте Сантош.