ЕП: Германскиот селектор Прокоп со една промена пред мечот со Македонија!

Македонската репрезентација денеска паузира на Европското првенство…

Во групата Ц (Загреб) избраниците на селекторот Раул Гонзалез водат со максимални четири бодови и веќе ги насочуваат погледите кон утрешниот меч против актуелниот европски шампион Германија против која ќе се води борба за првото место.

После двете минимални победи над Словенија и Црна Гора, за „црвено-жолтите“ ќе им биде доволен и бод во освојувањето на првото место во групата.

Германскиот селектор Кристиан Прокоп ќе направи една промена пред мечот со Македонија, имено за прв пат во составот ќе се најде левиот бек на Мелсунген, 25-годишниот Фин Лемке.

Лемке ќе го замени пивотот Бастијан Рошек (од Лајпциг) кој на дуелот против Црна Гора помина скоро 19. минути со едно исклучување, а против Словенија на паркетот беше над 10. и пол минути со еден жолт картон и едно исклучување.

Лемке досега за националната селекција има 55 натпревари и 22 голови, претходно во клупската кариера беше дел уште од Лемго и Магдебург.

Со германската репрезентација успеа на Летната Олимпијада 2016 (Рио де Жанеиро) да го освои бронзениот медал, а истата година и златото на ЕП во Полска.

Фин Лемке ќе биде со нас и ќе ни помогне во решавачкиот натпревар против Македонија. Сакам физички да биде засилена уште повеќе нашата одбранбена линија и повеќе сигурност на голманите и секако помогнат блокадите“, рече Прокоп.

Исто така свој коментар имаше и спортскиот директор на германската ракометна федерација. Боб Хенинг: „Го контактирав Фин, тој е многу мотивиран и гладен за европскиот шампионат, тој дефинитивно веднаш ќе дојде да ни помогне“.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojša TEJIĆ