ЕП: Франција многу блиску до полуфинале, а од нејзе „услуга“ ќе бара Шведска! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска рутински со 29:20 (16:11) успеа да ја совлада Белорусија во главната фаза на Европското првенство.

На тој начин шведските ракометари ги одржаа шансите за пласман во полуфиналето, еден од најзаслужните за триумфот беше голманот Паличка кој собра 20. одбрани и плус имаше и еден погодок.

Од стрелците најдобро се издвоија Ване и Лагергрен со по четири голови, додека на спротивната страна истиот учинок го имаа уште Кулеш и Каралек.

За Шведска преостанува во последното трето коло во Загреб во скандинавската пресметка да слави и над Норвешка, но и тоа нема да биде доволно за следната фаза ако Французите не ја совладаат Хрватска.

„Триколорите“ пак се многу блиску до остварување на целта, дојдоа до триумф и против Србија со резултат 39:30 на „крилјата“ на браќата Карабатиќ кои заедно имаа 11 голови. За Србите доминираа Зеленовиќ со седум и Ненадиќ со шест голови.

Французите и понатаму не се сигурни учесници во полуфиналето, најпрвин ќе го чекаа исходот од дуелот Шведска-Норвешка. Доколку Норвежаните ремизираат или триумфираат тогаш и дефинитивно Франција може да слави полуфинале. Од друга страна францускиот голман најави дека ќе се обиде заедно со неговите соиграчи да слават и против домаќинот.

ЕП Хрватска 2018, главна фаза
Група 1 (Загреб)

Табела:

1.Франција 8 бодови
2.Шведска 6
3.Хрватска 6
4.Норвешка 4
5.Белорусија 0
6.Србија 0

Последно коло, двојки:

24. јануари

16:00 ч. Србија-Белорусија
18:15 ч. Шведска-Норвешка
20:30 ч. Хрватска-Франција

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Uros Hocevar