ЕХФ ранкинг: Вардар со најголеми шанси сезонава да ја освои титулата во ЛШ! (ВИДЕО)

Според анализата која ја спроведоа стручните лица во ЕХФ, екипата на РК Вардар е најголем кандидат за освојување на Лигата на шампионите, што ќе значи и одбрана на Европската титула.

Ваков подвиг засега не му успеал на ниту еден тим во најголемото ракометно натпреварување, па токму Вардар оваа сезоната ќе има можност да се запише во историјата.

Според прикажаната игра и остварени резултати по првите пет одиграни кола во ЛШ, „црвено-црните“ се наоѓаат на врвот на листата, на екипи кои имаат најголеми шанси да бидат шампиони на Европа.

Судејќи според формата во раниот дел од сезоната, Вардар изгледа како сериозен кандидат да го прекине „проклетството на шампионите“ и да стане првиот тим кој ја одбранил круната во ЛШ.

Со најдобрата одбрана во натпреварувањето, тимот од Скопје го надополни отсуството на Душебаев. Забележа импресивна победа над Барселона во минатото коло која им донесе прво место во групата „А“, но и на ранг-листата на ЕХФ“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Вардар како бранител на европската титула моментално се наоѓа на првото место во најсилната група А и доколку излезе како победник во мечевите со Рајн-Некар, голема е веројатно таму да биде и на крајот од групната фаза.

ЕХФ ранкинг (сезона 2017/2018):

1. Вардар
2. Веспрем

3. ПСЖ
4. Барселона

5. Фленсбург
6. Рајн Некар Левен

7. Пик Сегед
8. Монпелје

9. Мешков Брест
10.Нант