ЕХФ потврди: Македонија, Словенија и Црна Гора со кандидатура за ЕП 2022!

Вкупно 11 земји аплицирале за наредните европски сениорски натпреварувања во 2022 и 2024. година во машка и женска конкуренција.

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора се единствените кандидати за организација на Европското женско сениорско првенство во 2022. година (4-20. ноември)

За машкото сениорско ЕП 2022 кандидати се:

-Белгија, Шпанија и Франција
-Данска и Швајцарија
-Унгарија и Словачка

За машкото сениорско ЕП 2024 кандидати се:

-Данска и Швајцарија
-Унгарија и Словачка
-Германија

Македонија еднаш веќе организираше женско сениорско ЕП во 2008. година одржано во Скопје (ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“) и Охрид (СРЦ „Билјанини извори“).

Да потсетиме, наредната 2018. година ЕП ќе го организира Франција, а во 2020. година скандинавските држави Данска и Норвешка.

Официјалните домаќини на споменатите евро-шампионати ќе се дознаат на ЕХФ Конгресот во Глазгов на 18/19 јуни 2018. година.

Фото: Stephane Pillaud