ЕХФ потврди: Без Лазаров до крајот на Европското првенство!

Вчера македонската репрезентација загуби убедливи од Шпанија со 20:31 на стартот од главната фаза во Вараждин.

Освен тоа, селекција како што тврдат организаторите од „EHF EURO“ до крајот на шампионатот нема да смета на својот најдобар ракометар Кирил Лазаров.

Десниот бек вчера некаде околу средината на првото полувреме имаше еден лош скок и се пожали на болки на коленото.

Следниот натпревар избраниците на селекторот Раул Гонзалез ќе го имаат утре со почеток од 20:30 часот против Чешка.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Sasa Pahic Szabo