ЕХФ новинарите предвидуваат кој ќе биде МВП, најдобар стрелец на ЕП…?

В петок (12. јануари) ќе започне Европското првенство во Хрватска…

ЕХФ новинарите Бјорн Пазен и Адриан Костеју ги споделуваат своите размислувања и очекувања во пресрет на новото ЕУРО.

Македонската репрезентација е во групата Ц (Загреб) заедно со селекциите на Словенија (13. јануари), Црна Гора (15. јануари) и Германија (17. јануари).

Предвидуваат за тоа кој би бил МВП (најкорисен играч на турнирот), кои би ја освоиле европската титула, кои играчи би изненадиле, кој ќе биде најдобриот стрелец, кои репрезентации ќе си одат дома после прелиминарната фаза, кои три репрезентации ќе се закитат со медали, колку далеку би стигнал европскиот шампион Германија на овој континентален собир и каков настап се очекува на хрватската селекција предводена од селекторот Лино Червар.

Според Пазен за МВП конкурира супер талентираниот плејмејкер Сандер Сагосен (Норвешка)
Според Костеју до трета рекордна МВП титула би можел да стигне Никола Карабатиќ, а во трката го вбројува и данскиот „бомбардер“ Микел Хансен.

Според Пазен, ако Македонија ја преживее прелиминарната фаза, а според него би требало тоа го направи, единствениот топ стрелец би можел да биде Кирил Лазаров. Иако во првиот дел од оваа сезона не е доминантен во дресот на Нант, ќе биде повторно на врвот, пред експертите за пенали Уве Генсхајмер (Германија), Златко Хорват (Хрватска) и Џери Толбринг (Шведска).

Според Костеју, Лазаров би требало да постигне барем 40 голови на ова ЕП, но од друга страна апелира да се внимава уште на Домагој Дувњак (Хрватска) и Микел Хансен, силни бекови кои би требало да играат барем еден меч повеќе од Лазаров.

Според Пазен, Австрија, Чешка, Србија и Црна Гора ќе си одат дома после прелиминарната фаза. Во групата Ц вели дека во меч исполнет со малку голови, ќе заврши нерешено дуелот Македонија-Црна Гора.

Според Костеју исто така ги издвојува Австрија, Црна Гора и Чешка, а Србија најверојатно ќе се бори против Исланд да не се најде во споменатото друштво.

СИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА НА ДВАЈЦАТА СПОМЕНАТИ ЕХФ НОВИНАРИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ТУКА