ЕХФ недела: Ѓукиќ го објави составот на Црна Гора за контролките со Чешка

Црна Гора е една од противниците на Македонија на Европското првенство 2018 год. кое што ќе се одржи во Хрватска, а во таа група 4 се уште Словенија и Германија.

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Црна Гора, Драган Ѓукиќ го објави списокот на играчи за пријателските натпревари против Чешка кои ќе бидат одиграни во рамките од ЕХФ неделата која започнува на 23. октомври.

Помеѓу повиканите секако и членот на македонскиот и европски шампион Вардар, Вуко Борозан, а тука е и плејмејкерот на Металург, Божо Анѓелиќ.

Составот на Црна Гора:

Голмани – Раде Мијатовиќ, Небојша Симиќ, Миле Мијушковиќ.

Крила – Милош Вујовиќ, Игор Марковиќ, Марко Ласица, Мирко Радовиќ, Игор Радојевиќ.

Пивоти – Небојша Симовиќ, Вук Лазовиќ.

Бекови – Жарко Пејовиќ, Божо Анѓелиќ, Стеван Вујовиќ, Вуко Борозан, Васко Шевалјевиќ, Милош Божовиќ, Владан Липовина, Стефан Чавор, Иван Перишиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Вујовиќ го објави списокот за двомечот со Хрватска

Се враќа Прибак: Гонзалез го објави списокот на сениорите за ЕХФ неделата!