ЕХФ недела: Без Лазаров на денешниот тест против Русија!

За денешниот натпревар (17:30 ч., СЦ „Јане Сандански“ – Скопје од затворен тип меѓу Македонија и Русија, селекторот Раул Гонзалез нема да може да смета на услугата на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.

На барање на неговиот француски клуб Нант, кој минатиот викенд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите и противник им е тимот со најнизок рејтинг меѓу осумте најдобри – Скјерн од Данска.

Во меѓувреме капитенот цела недела ќе тренира со соиграчите и стручниот штаб во Скопје. Лазаров ќе биде главниот играч во јунскиот бараж против Романија.

Фото: facebook.com/rfmofficial