Еден гол на Талески во новата бундеслигашка победа

Во својот нов натпревар од најсилното германско првенство, Рајн Некар Левен го забележа својот 12. триумф сезонава.

На домашен терен убедливо со резултат 33:23 (16:8) тимот на Рајн Некар го совлада составот на Штутгарт.

Македонскиот интернационалец Филип Талески еднаш се запиша во листата на стрелците и тоа пред крајот на првото полувреме.

На табелата во Бундеслигата популарните „лавови“ се на третото место со 24 бодови, еден помалку зад водечките Фленсбург и Фуксе Берлин.