Двојната одбрана на Штербик меѓу најдобрите пет на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Македонскиот и европски шампион навикна во секое коло од Лигата на шампионите да има некој свој ракометар во еден од изборите на Европската ракометна федерација, а тоа продолжува и сега по 7. коло во кое Вардар како гостин го победи ППД Загреб со 29:23.

Овојпат имаше две успешни одбрани на голманот на Вардар, Арпад Штербик, и тоа во ист напад. Хрватскиот шампион немаше никакви шанси против одбраната на „црвено-црните” и уште помалку против искусниот чувар на мрежата.

Овој мечот го заврши со 18 одбрани, од кои дури 13 имаше во првото полувреме. Вардар останува лидер во А групата од ЛШ со 13 бодови од седум натпревари.

Вардарци и натаму ја имаат најдобрата одбрана во ЛШ, со само 162 примени гола, и најдобра гол разлика (+ 27).

Кои се петте најдобри одбрани на колото, и која одбрана на Штербик влезе во изборот можете да погледнете ТУКА.