Ѓукиќ: Натпреварот против Македонија го означивме како најважен на ЕП! (ВИДЕО)

Вчера официјално стартуваа возбудувањата во групата Ц (Загреб) на Европското првенство…

Црна Гора (која учествува без повредениот Вуко Борозан) беше убедливо поразена од актуелниот европски шампион Германија со 32:19.

ОД друга страна, многу поинтересно беше на вториот меч каде што македонската репрезентација оствари голема и значајна победа над третопласираната од минатото Светско првенство, Словенија (25:24).

Денеска е ден за пауза, време каде што се анализираат грешките и следните ривали на континенталниот собир, за избраниците на селекторот Раул Гонзалез нареден предизвик ќе им биде Црна Гора.

Можеби уште една одлична шанса нашата селекција да освои нови бодови, но и Црногорците го означија овој двобој како најголема прилика евентуално да се пласираат во следната фаза.

Така размислува селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ:

И да одигравме најдобро што можеме, немаше да оствариме триумф над Германија. Но, дефинитивно очекувавме подобро, посилен отпор.

Сега ни останува да анализираме, да видиме каде згрешивме и да одиграме целосно поразлично во продолжението од шампионатот.

Сите сме свесни за тоа, ќе направам и промени во составот. Натпреварот против Македонија го означивме како најважен каде што ќе мораме да се покажеме во многу подобро светло.

Силно верувам заедно и сите во тимот дека можеме да славиме на крајот против македонската селекција. Но, ако се повтори изданието со Германците, можеме да имаме слични проблеми“, рече Ѓукиќ.