Дибиров: Ова е награда за сиот труд кој го имавме низ целата сезона во ЛШ!

Вардар ќе игра на завршниот турнир во Келн, откако одиграа со резултат 27:28 на реваншот во Скопје против екипата на Кил.

На првиот меч одигран во Германија,Вардар славеше победа исто така со еден гол разлика (28:29), но поради повеќе постигнати голови на гостински терен македонскиот и европски шампион обезбеди учество на нов Ф4 во Келн.

Прес-конференција после натпреварот Вардар-Кил:

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез:

Честитки до Кил, имавме проблеми во текот на мечот, одбраната не функционираше најдобро. Не бевме особено задоволни од првото полувреме, во вториот дел бевмеподобро дефанзивни. Кил не се предаваше до крај, на крајот успеавме да ја оствариме целта. Горд сум на овие ракометари кои ги тренирам, благодарен сум до навивачите, медиумите, сите вклучени во тимот. Игравме една добра сезона, среќни сме што повторно ќе играме на Ф4“.

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон:

Честитки до Вардар за пласманот на Ф4, горд сум на она што го направивме од наша страна, иако на крајот тоа не беше доволно. Од наша страна покажавме еден добар меч, му посакувам се најдобро на противникот во Келн“.

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров:

Среќни сме поради успехот и што втора година по ред ќе бидеме на Ф4. Знаевме дека против ќе биде тешко до последната минута неизвесно и рамноправно. На крајот имавме среќа која ги следи храбрите, целата сезона работевме како што треба, ова награда за сиот труд, а еве сега имаме уште една шанса да испишеме историја. После 15 месеци претрпевме пораз на домашен терен, но секако и тоа е дел од ракометот. Како и да е, го заслуживме сите овој резултат, тренерите, играчите, навивачите, медиумите. Останува да се подготвиме сега за Фајнл-фор, ќе видиме што ќе се случи за еден месец“.

Ракометарот на Кил, Миха Зарабец:

Честитки до Вардар за пласманот на Ф4, се боревме до крај, покажавме се што знаеме на теренот, но  тоа не беше доволно. Имавме зицери кои Штербик ги бранеше, навистина ни е тешко, честитки до моите соиграчи кои го дадоа максимумот, штета што нема да играме во Келн“.

Фото: rkvardar.mk