Дибиров околу иднината на Вардар: Раул создаде „машина“, институција која може и без него!

Паралелно со прашањето дали Вардар ќе биде првиот клуб кој ќе ја одбрани титулата шампион на Европа во Келн….

Во ракометните кругови се поставува и прашањето – Што ќе биде со Вардар после ерата на Раул Гонзалес? Од реакцијата на играчите во официјални и неофицијални разговори во текот на СЕХА Фајнл-фор турнирот во Скопје, се стекна впечаток дека таквото прашање, по малку, и ги нервира…

Руското лево крило на „црвено-црните“ говореше за „Балкан-Хандбал“. Тој тврди дека квалитетот и амбициите на клубот нема да паднат рапидно:

Не се согласувам, знаете зошто? Најважната работа што Раул ја направи беше тоа што од овој клуб направи „машина“, институција која може и без него, и без Арпад и без мене. Си заминува Раул, знаеме за каков тренер зборуваме, но оваа „машина“ само треба да продолжи да работи, да работи, да работи. Не очекувам дека ќе бидеме послаби. Одиме само нагоре и нагоре, така сакаме да продолжиме. Цел живот зборуваме дека Кил или Барселона е институција. Додека имаме таква поддршка од државата, навивачите, целиот Балкан, зошто да не?“.

„Летечкиот“ Русин потврди дека сите планови се поврзани за Вардар. Не мисли дека „рускиот шмек“ ќе биде доминантен кога е во прашање скопскиот состав во иднина…

Зошто многу Руси? Тоа се шпекулации, тоа не е вистина. Сега, ние сме исти како што има Срби или Хрвати. Како и да е, дали во Вардар има еден Русин или тројца, важен е резултатот. Така можеме да зборуваме и за Шпанците и за останатите. Мојот план е да помогнам секој ден на клупата, и ако клубот има доверба во мене, јас сум среќен да работам овде уште многу години“.

Фото: seha-liga.com