Дербито на колото мина во знакот на ЖРК Металург

Ракометарките на ЖРК Металург убедливо славеа на дерби натпреварот со екипата на ЖРК Куманово, која ја совладав со резултат 25:20 (14:12).

Видовме еден одличен натпревар меѓу две квалитетни екипи, борбен натпревар кој изобилуваше со бројни физички контакти, а во жарот на борбата беа досудени вкупно 17 двеминутни исклучувања и дури три црвени картони.

Екипата на Куманово во Скопје допатува по трите бода, сметајќи на драстично подмладениот состав на тимот од „Автокоманда“, кој допрва ќе го стекнува потребното искуство.

Но, натпреварот мина спротивно од очекувањата на гостинскиот тим, кој своето единствено водство го забележа по својата прва акција на средбата. Се после тоа беше во знакот на девојките на ЖРК Металург, кои имаа целосна контрола врз играта и врз резултатот во целиот преостанат дел од средбата.

Победата на ЖРК Металург е чиста како солза, а, со новите три бода, бодовно се израмнија „сино-белите“ со својот противник.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово 25:20 (14:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Владева 3, Глигоријадис, Божиновска, Ангеловска, Кркачева, Тасевска, Смајлоска 3, Алексоска,Калајџиевска 4, Граматова 2, Тодоровска, Стефановска 2, Гајиќ 9 и Брунчевиќ. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 14 минути. Црвени картони: Владева во 38. минута и Стефановска во 47. Минута.

ЖРК Куманово: Наумоска, Борчевска, Пецанова 1, Костадиновска, Ивановска, Пеовска 8, Боризовска 5, Дичковиќ, Кипријановска 3, Стојановска, Петковска 1, Стојчевска, Цветановска, Абдулкарим и Трајковиќ 2. Седмерци: 5/7. Исклучувања: 20 минути. Црвени картони: Боризовска во 59 минута.

Претходно ЖРК Вардар Јуниор успеа со 28:21 да го совлада тимот на ЖРК Деспина, додека ЖРК Гевгелија пред своите гледачи беше подобра од ЖРК Овче Поле.

На табелата води ЖРК Вардар со максимални 12 бодови, два повеќе од ЖРК Вардар Јуниор, следуваат ЖРК Пелистер и ЖРК Куманово со по девет, шест има ЖРК Металург на петтата позиција, ЖРК Гевгелија четири, ЖРК Овче Поле три и последна ЖРК Деспина без бодови.

Фото: zrkrkmetalurg.mk