Даскалоски блескаше во македонскиот дуел против Одорхеи!

Денеска во рамките од 11. коло во најсилното романско првенство, составот на Темишвар дома триумфираше против Одорхеи со резултат 32:25.

Тоа беше македонски дуел, помеѓу Темишвар на голманот Златко Даскалоски против организаторот на игра Горан Кузманоски (кој не се запиша во листата на стрелците) и неговиот поранешен тренер од Вардар, Ѓукиќ.

Даскалоски настапи во текот на второто полувреме, и имаше учинок од девет интервенции и еден одбранет пенал. Од стрелците во победничките редови доминираше Крсто Милошевиќ со осум реализирани голови.

На табелата Темишвар е на четвртото место со 20 бодови, колку што има и Одорхеи на петтото, а во наредното коло според најавите на 23. ноември ќе гостува кај претпоследнорангираниот Фагараш.