ЧСМ Букурешт и Георгиевски без полуфинале во Купот на Романија

ЧСМ Букурешт не успеа да се пласира помеѓу најдобрите четири екипи оваа сезона во Купот на Романија.

Денеска со минимален резултат 28:29 (13:15) беше елиминиран од Стеауа Букурешт, а македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски имаше два гола од четири обиди, и воедно едно исклучување од две минути.

На тој начин Стеауа Букурешт во полуфиналето од натпреварувањето им се придружи на Минаур Баја Маре, Доброгеа Суд Констанца на Никола Митревски и Велко Маркоски, и Темишвар на Златко Даскалоски.