Циндриќ играч на натпреварот во СЕХА финалето, Дибиров со најдобриот гол! (ВИДЕО)

Вечерва во С.Ц. „Јане Сандански“ се играше големото финале во СЕХА-лигата, помеѓу екипите на Вардар и ППД Загреб.

Македонскиот шампион беше фаворит на овој дуел и поради квалитетот и играњето на домашниот терен, тој епитет и го одбрани, откако во финалето на ова регионално натпреварување триумфираше со резултат 26-24 против хрватскиот состав, тоа е четврта титула за „црвено-црните“ во седмата година од постоењето на СЕХА Газпром лигата.

Во финалниот дуел Циндриќ беше најефикасен (заедно со Криштопанс) со пет голови, и хрватскиот плејмејкер беше прогласен за играч на натпреварот.

Исто така, свој придонес во победата имаше и руското лево крило со три погодоци, а еден од нив официјалниот Јутјуб канал на СЕХА го прогласи за најдобар на натпреварот.

Воедно, признание и за еден од играчите на ППД Загреб, голманот Кастелич се издвои со најдобрата одбрана. Погледнете ги најдобрите потези и моменти од финалниот меч: