Циндриќ: Честитки до играчите, навивачите – ова е добра најава пред четвртфиналето против Кил во ЛШ!

Вардар ја слави новата шампионска титула во СЕХА, откако во финалето го совлада ППД Загреб со 26:24.

Веднаш после завршниот натпревар на Ф4, следуваа изјавите на дел од играчите и секако тренерот на Вардар:

Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ кој беше прогласен за најкорисен играч (МВП):

Ова беше едно тешко финале. Сакам да им честитам на моите соиграчи и навивачите за оваа победа. Очекувавме ваков меч, Загреб докажа зошто успеа да стигне до финалето.

Сигурен дека овој финален меч беше добредојден за нас и секако ќе биде една наша мотивација за уште поголема самодоверба пред четвртфиналето во Лигата на шампионите против Кил“.

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ:

Чувството е неверојатно, да успеете да ја одбраните титулата во СЕХА пред ваква неверојатна атмосфера. Не беше лесно, овој последен дуел од Ф4 ќе го искористиме како дел од подготовките за ЛШ“.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес:

Загреб многу добро се подготви за финалето. Нашиот напад не беше добар како што очекувавме во текот на првото полувреме, но во второто се поправивме и во делот на нападот и одбраната.

Го одлучивме мечот кога ја променивме одбраната од 5-1 во 6-0 зона. Секако, сакам да им честитам на моите играчи. Среќен сум за победата, сега ни следува малку одмор, а потоа старт на подготовките за предизвиците кои ги очекуваме до крајот на сезоната“.

Да потсетиме, првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ помеѓу Кил и Вардар е на 22. април во „Шпаркасен“ Арена (17:00 ч.), а во истиот термин е и реваншот на 29. април 2018 год. во СЦ „Јане Сандански“.

Фото: seha-liga.com