Четири гола на Георгиевски во 10 триумф на ЧСМ Букурешт

Денеска во рамките од 16. коло во најсилното романско ракометно првенство 10. победа сезонава за ЧСМ Букурешт.

На домашен терен успеа со конечен резултат 24:21 (18:9) да го совлада составот на Сучеава за моментно петто место на табелата со 31 бод, три помалку зад водечката Стеауа која има и меч помалку, а токму овие две екипи ќе се сретнат во следната лигашка рунда на теренот на ЧСМ Букурешт (5. февруари 2018 год., 17:00 ч.)

Македонскиот репрезентативец кој овој месец настапи на Европското првенство во Хрватска беше втор стрелец за ЧСМ Букурешт со четири реализирани голови (4/6).